Русија ги обвини „Фејсбук“, „Твитер“ и „Гугл“ дека даваат бесмислени податоци за руското мешање во САД

Од:

Русија ги обвини американските компании „Фејсбук“, „Твитер“ и „Гугл“ дека се недоследни во обвинувањата за руско мешање во американските политички процеси.

Спроед заменик министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, податоците кои двете социјални мрежи и гигантот за пребарување податоци на интернет ги доставиле до американскиот Конгрес се несфатливи.

– Шокиран сум од тврдењата на овие интернет гиганти дека, од една страна, на политички маркетинг биле потрошени 5.000 долари, а од друга, дека 40 милиони американски гласачи биле под влијание на Русија, изјави Рјабков.

„Фејсбук“, „Твитер“ и „Гугл“ доставија податоци до американскиот Конгрес за тоа колку реклами и спонзорирани вести биле објавени за време на предизборната кампања во САД во 2016 година од страна на руски медиумски компании или пак евентуално политички и разузнавачки активисти.

Според „Фејсбук“, на пример, во рок од две години 80.000 објавени политички коментари биле видени од страна на 125 милиони Американци. Од друга страна, „Фејсбук“ информираше дека лажни кориснички профили, веројатно поврзани со Русија, уплатиле само 100.000 долари за спонзорирани политички вести, поради што се отвораат прашања како за опсегот, така и за влијанието на вака пласираните информации.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат