Русија ги гранатира јамите во Запорожје за да подигне радиоактивна прашина, НАТО алармира за повлекување на Русите

Од:

Украинската разузнавачка служба тврди дека Русија ги гранатира јамите на нуклеарната централа Запорожје со цел да подигне облаци од радиоактивна прашина, пишува Гардијан.

Како што е објавено, руските минофрлачки напади врз предградијата на Енергодар се насочени кон јамата за складирање на пепел, која се создава за време на работата на нуклеарната централа.

Нагласено е дека оваа прашина има висока концентрација на токсични материи и ниво на радијација, кое е најмалку 2,5 пати поголемо од природното и дека поради ветерот може да достигне голема далечина.

Исто така, се тврди дека мерењата во близина на нуклеарната централа Запорожје покажуваат зголемување на нивото на радијација.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е „многу опасна“ и дека Русија мора веднаш да ги повлече своите сили.

– Опасно и непромислено е Русија да распоредува сили и да ја користи областа околу нуклеарната централа како лансирна рампа за артилериски напади врз украинските сили. Затоа, треба да и овозможиме пристап на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Русите мора да ги отстранат своите сили од електраната – рече тој.

Тој рече дека ситуацијата е опасна не само за Украина, туку и за цела Европа.

Би можело да ве интересира

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Песков: Шолц и САД продолжуваат да поттикнуваат војна во Украина

Зеленски вели дека не загинале 80.000 Украинци, туку многу помалку

Блинкен: САД ќе ѝ дадат на Украина оружје во вредност од 725 милиони долари

Напад на руски дронови на Тернопољ, градот делумно без струја

Горан Наумовски

Зеленски: Украина сака да ги врати окупираните територии