Русија ги блокира веб-страниците на ЦИА и ФБИ

Од:

Русија ги блокираше веб-страниците на ЦИА и ФБИ поради наводно „ширење лажни информации“. Државниот регулатор за комуникации Роскомнадзор потврди дека го „ограничил пристапот до бројни ресурси кои им припаѓаат на државните структури на непријателските земји“.

Овој потег има за цел да го запре „ширењето на материјали насочени кон дестабилизација на социјалната и политичката ситуација во Русија“, јавуваат руските новински агенции. ТАСС објави соопштение за печатот од Роскомнадзор во кое се тврди дека ЦИА и ФБИ објавуваат неточни информации кои ги дискредитираат руските вооружени сили.

За оваа одлука се уште нема коментар од Вашингтон или од американската амбасада во Москва. Русија го прогласи дискредитирањето на нејзините вооружени сили за кривично дело казниво до пет години затвор. Свесното ширење „лажни информации“ за војската е исто така кривично дело и предвидува максимална казна од 15 години.

Би можело да ве интересира

Јапонија со нови санкции за Москва, нема да се извезуваат детските играчки во Русија

Започна редовното регрутирање во руската армија

Ана Ололовска

Русија денеска го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН

Ана Ололовска

Русија усвои нова стратегија за надворешната политика: САД и Западот се егзистенцијална закана за Москва

„Гардијан“: Протекоа тајни документи за руската сајбер група „Вулкан“

Горан Наумовски

Новинар на Wall Street Journal притворен во Русија поради шпиунажа