Русија: Дојдовме до страшен заклучок – САД ја брани ИД

Од:

Русија дојде до „страшен заклучок“, по воздушниот напад на САД врз сириската војска, дека Вашингтон ја брани Исламската држава (ИД), изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, јави ТАСС.

– Ако претходно се сомневавме дека станува збор за одбрана на организацијата Џебхат Ал – Нусра, сега, по вчерашниот напад врз сириската војска, доаѓаме до страшен заклучок, Белата куќа ја брани ИД – истакна Захарова.

Ако е тоа случај, додаде таа, тогаш можеби токму поради тоа американската страна не дозволува да се објави руско-американскиот договор за Сирија.

– Бараме објаснување од Вашингтон, дали е тоа намерна политика за поддржување на ИД или некаква грешка – истакна Захарова.

Москва побара итен состанот на Советот за безбедност на ОН за вчерашните напади на коалицијата на чело со САД врз сириската војска во источна Сирија во кои, како што тврди сириската војска, убиени се 62 сириски војници, а околу 100 се повредени.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски