Властите во Кремљ очекуваат договорот за одлагање на спроведувањето на Спогодбата за асоцијација на Украина со Европската унија да биде потврден и на хартија, изјави денеска Сергеј Иванов, шеф на администрацијата на Кремљ.
– Одлучено е спроведувањето на Договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ да биде одложено за една година, но тоа е само вербален договор. Се надевам дека тоа ќе биде потврдено и на хартија, нагласи Иванов.
Според Иванов, како што пренесува ИТАР-ТАСС, украинската криза се разгоре откако поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович најави дека потпишувањето на договорот со ЕУ ќе биде одложено.