Русија бара од Северна Кореја муниција во замена за храна, тврди САД

Од:

САД имаат нови информации дека Русија активно бара да набави оружје од Северна Кореја во замена за помош во храна, соопшти денеска Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека Вашингтон е загрижен дека Пјонгјанг ќе ги поддржи воените операции на Русија против Украина, пренесе Ројтерс.

Кирби изјави и дека Русија сака да испрати делегација во Северна Кореја за да понуди храна во замена за оружје и муниција.

Соединетите Американски Држави објавија претходно денеска дека воведоа санкции против словачки државјанин поради обидот да договори продажба на десетици видови севернокорејско оружје и муниција на Русија, која сака да ја замени воената опрема изгубена во војната со Украина.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен изјави дека Русија, која изгубила повеќе од 9.000 парчиња тешка воена опрема од почетокот на војната, се свртува кон добавувачи како Иран и Северна Кореја поради мултилатералните санкции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ