Русија одбележува 60 години од смртта на Сталин

Од:

Во Русија денес се одбележува 60-годишнината од смртта на Јосиф Сталин.

Приврзаниците полагаат цвеќе на неговиот гроб во Москва, а противниците го обвинуваат поранешниот советски лидер дека убил милиони луѓе.

Сталин беше на чело на Советскиот сојуз од 1924 до 1953 година. Комунистите му ги препишуваат заслугите за победата во Втората Светска војна, додека противниците го обвинуваат за смрт на милиони луѓе.

„Московски новости“ денес на насловната страница објавија текст под наслов „Збогум Сталине“, со слика на која неговото лице е испишано со графити.

Комунистичкиот весник „Советска Русија“ на насловната страна објави текст за Сталин, насловен „Неговото време допрва доаѓа“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја