Североисточниот дел од Шпанија, поточно Коста брава со раширени раце ги пречекува богатите руски туристи, кои масовно купуваат имоти и на тој начин ја потпомагаат економијата во државата, во која пазарот на недвижнини е во стагнација, а стапката на невработеност надминува 26 проценти.
Сергеј и Лариса, руси од Сибир во потрага по куќа од соништата на шпанското Диво крајбрежје, кое се протега на 60 километри североисточно од Барселона, се до границата со Франција, купија куќа вредна 3,5 милиони евра.
Елена Георгиевска