Русија планира од вкупниот буџет за одбрана до 2020 година да издвои 25 проценти за модернизација на авијацијата, или 160 милијарди долари, најави рускиот претседател Владимир Путин.
Парите ќе се искористат за набавка на 2.000 авиони и хеликоптери од најновата генерација, нагласи Путин.
Ова е една историска можност да се достигнат одбранбените цели кои стојат пред Русија – смета тој и истакна дека тоа треба да го направат сега, кога имаат доволно пари.
Со набавка на толкав број современи летала, руската авијација од 20 до 2020 година ќе порасне за 70 проценти – заклучи Путин.