Руси и Италијанци на „свој начин“ ги бранеа локалите против демонстрантите во САД

Од:

Немирите кои започнаа поради убиството на Џорџ Флојд во САД за многу кратко време се претворија во масовни грабежи и вандализам, па затоа во повеќе од 20 градови е прогласен полициски час, а на улиците ширум земјата излезе и Националната гарда.

Први на удар се најдоа продавниците со најлуксузен асортиман и локалите како супермаркетите и рестораните.

Некои Американци се принудени самите да ги заштитуваат своите дуќани од насилните напади на демонстрантите.

Едни од тие кои на специфичен начин ги заштитуваа локалите беа сопствениците на пекарите во Кливленд.

Исто така, еден руски ресторан во Сан Диего се бранеше од демонстрантите со тоа што ги распореди своите вработени пред вратата на локалот.

Вот так в Сан-Диего наши ребята уберегли от разгрома ресторан «Пушкин».

Posted by Natalia Slavina on Понеделник, 01 јуни 2020

Најлошо поминаа сопствениците на локалите во Лос Анџелес кои се појавија пред продавниците со оружје и мачети, но беа приведени од полицијата поради тоа што органите сметале дека тие се дел од групата на демонстранти.

По неколку часа, тие сепак беа ослободени од полицијата.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат