Русеф е за дијалог со демонстрантите

Од:

Претседателката на Бразил, Дилма Русеф вети дека ќе ги подобри јавните услуги во државата, но дека насилството на демонстрациите нема да го толерира.

Русеф за прв пат во текот на еднонеделните протести и се обрати на нацијата и порача дека мирните протести се дел од демократија, но дека насилството нема да го толерира.

Таа во говорот кој во ударен термин беше емитуван на државната телевизија, вети дека ќе ги подобри јавните услуги и дека е за дијалог со лидерите на протестот, пренесе „Асошиејтед прес“.

-Ќе се состанам со лидерите на мирните протести, ги сакам институциите кои се транспарентни и отпорни на прекршоци – наведе Русеф во врска со бројните критики поради корупција во политиката, кои сега се во средиштето на протестите.

Иако не изнесе повеќе детали бразилската претседателка рече дека нејзината влада ќе направи национален план за јавен транспорт во градовите, го поддржува и планот парите од нафта да се вложат во образованието, но и дека ќе доведе лекари од странство за областите во кои недостасуваат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски