Рудари во Италија самите се барикадирале со експлозив

Од:

Околу стотина рудари во Италија самите се забарикадирале со неколку килограми експлозив во тунелот, 400 метри под земја, со цел да извршат притисок врз владата на Италија да обезбеди услови за опстанокот на рудникот.

Рударите се затвориле во текот на ноќва, со 30 килограми експозив, доволни да го разнесат целиот рудник „Карбосулкис“ што се наоѓа западно од Калјарија, а токму оваа недела треба да се одржи состанок на кој ќе се разговара за неговата иднината.

„Загрижени сме дека рудникот ќе го затворат, а ние ќе останеме без работа“, изјави Сандро Меро (54), кој работи 28 години во овој рудник.

„Ние ќе останеме овде се додека не добиеме одговор од владата дека ќе се погрижи за иднината на рудникот. Подготвени сме да издржиме колку што е потребно за да добиеме позитивен одговор“, додаде тој за Ројтерс.

Рударите бараат да се продолжи со работа, рудникот да функционира како досега, но и предлагаат тој да биде и место каде што во иднина ќе се скадираат опасните материи за околината со цел да се зголеми неговата продуктивност и да се ублажат последиците од глобалното затоплување.

„Карбосулкис“ во 2006 година имаше 600 милиони тони резерви на јаглен. Но сепак тоа не беше доволно за да обезбеди соодветна егзистенција.

Вработените во него и порано одржувале протести во неколку наврати за да си ја обезбедат својата, но и неговата иднина, започнувајќи од 1984 година, 1993 година и 1995 година. На последниот нивни протест тие останаа долу дури 100 дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим