РТ: Рудното богатство на Северна Кореја вреди 10 трилиони долари

Од:

Северна Кореја лежи на резерви од над 200 минерални руди, чија вредност е проценета на повеќе од 10 трилиони долари, објави „РТ“.

Телевизијата наведува дека не постојат официјални податоци за тоа колкава е точната вредност на севернокорејското рудно богатство, но според груби проценки од почетокот на деценијата, севернокорејските резерви на јаглен, железна руда, цинк, бакар, графит, злато, сребро, магнезит, молибден и многу други метали, вредат меѓу 6 и 10 трилиони долари.

Нејзината почва, исто така, содржи голем број на метали потребни за да се направат паметни телефони и други технолошки производи.

Севернокорејскиот рударски сектор сега е под целосна забрана на Обединетите нации, откако Пјонгјанг го зголеми бројот на нуклеарните проби и покрај силното противење на меѓународната заедница.

Сепак, рударскиот сектор останува клучен за економијата на Северна Кореја и многу експерти веруваат дека токму со рударството земјата ги покрива своите воени трошоци.

Приватното рударство е нелегално во Северна Кореја и околу 14 отсто од нејзината економија се состои од рударски подземни ресурси, пишува весникот „Кварц“.

Кина е претставена со околу 90 проценти од надворешната трговија на Пјонгјанг, и според дел од експертската јавност официјален Пекинг е заинтересиран да има монопол над одредени делови на извозот од Северна Кореја, посебно во делот на скапоценетите камења, објави неодамна „Њујорк пост“.

Би можело да ве интересира

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море