РПЦ: Санкциите за патријархот Кирил се „апсурдни“ и „бесмислени“

Од:

Руската православна црква (РПЦ) британските санкции воведени за патријархот на РПЦ Кирил ги оцени како „апсурдни“ и „бесмислени“.

– Обидите да се заплаши патријархот на Руската црква или да се принуди да се откаже од своите ставови се апсурдни, бесмислени и бесцелни, изјави портпаролот на РПЦ, Владимир Легоида.

Тој додаде дека особено сега црквата е последниот мост, средство за комуникација, што се обидуваат да го уништат и ги осуди „политичките сили чија основна цел е ескалација на конфликтот и оддалечување од мирот“.

Според него, целта на санкциите е „да се запре и онака сериозно оштетената комуникација меѓу европската заедница и Русија“.

Патријархот Кирил, според официјален Лондон, е санкциониран поради неговата поддршка и одобрувањето на војната во Украина.

Велика Британија денеска воведе нови санкции кон Русија, а покрај патријархот Кирил, санкции се воведени и за руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, поради „присилно префрлање и посвојување на украинските деца“.

Европска комисија претходно предложи санкции за патријархот Кирил, но Европска Унија се откажа од тоа по спротивставувањето на Унгарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: На наша територија се урна бомбардер Су-34

ВИДЕО: Драматично слетување во поле на руски патнички авион

Катерина Ѓуровски

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Ким Џонг Ун патува во Русија

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген

Кавги меѓу соседите: 42 ирваси од Норвешка ја минале границата на пасење, Русите бараат милионска отштета