Рот: Гасоводот може да биде средство за политички притисок врз Русија

Од:

Германија не може да ја исклучи можноста гасоводот Северен тек 2 да се искористи како средство за политички притисок врз Кремљ во случај на руска агресија врз Украина, изјави денеска претседателот на германскиот Комитет за надворешни работи, Михаел Рот.

– Очекуваме дипломатско-политичко решение, а дипломатските алатки вклучуваат и санкции. Ако навистина дојдеме до санкции, а јас сепак се надевам дека ќе успееме да го избегнеме тоа, тогаш не можеме однапред да ги исклучиме работите што можеби ги бараат нашите партнери во Европската унија, истакна Рот за германската телевизија АРД

Гасоводот Северен тек 2, кој е веќе завршен, но се уште не добил дозвола за работа, има за цел да ја зголеми испораката на руски гас во Западна Европа, но противниците на проектот, вклучително Украина и САД, велат дека тоа ќе ја направи Европа премногу зависна од Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски