Рот: ЕУ не е подготвена за нови преговори за Брегзит

Од:

Европската унија и нејзините земји-членки не се подготвени повторно да преговараат за договорот за Брегзит, склучен меѓу Лондон и Брисел, кој и да биде следниот британски премиер, изјави денеска германскиот министер за европски прашања Михаел Рот.

Тој рече дека кандидатите за местото на Тереза Меј за лидер на Конзервативната партија и за британски премиер треба да го имаат предвид тоа кога даваат предизборни ветувања.

– ЕУ и државите членки не може да бидат уценувани. Не гледам желба за рестартирање на преговорите од почеток. Добро е кандидатите да го имаат предвид тоа во пресрет на кампањата, рече Рот.

Неколкумина од кандидатите за премиерската функција ветија дека ќе преговараат за поповолни услови за излез на Велика Британија од ЕУ, отколку што Меј успеа да постигне.

Изборот за нов британски премиер нема да го промени веќе договореното за излез на Лондон од ЕУ, изјави денеска и портпарол на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ