Руската служба за контрола на авионскиот сообраќај (Росавијација) забрани египетскиот национален превозник Еџипт Ер (Egypt Air) да сообраќа до Русија.
Росавијација денеска официјално го известила аеродромот Домодедови, каде слетуваат авиони на таа авио-компанија, дека забраната стапува на сила од утре.
Од Росавијација не соопштија за причините за одлуката, наведуваат руски медиуми.