Ромпуј ќе изнесе нови предлози за буџетот на ЕУ

Од:

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј ќе изнесе нови предлози во врска со новиот долгорочен буџет на ЕУ, околу кој државите-членки не можат да постигнат договор, во надеж дека ќе се спречи вонредниот самит кон крајот на седмицата да не доживее пропаст, изјави денеска заменик-министерот за европски работи на Кипар Андреас Мавројанис.

Тој истакна дека на работната вечера на која присуствуваа Ван Ромпуј и останататите европски министри „дошло до конструктивна размена на мислења“ и истакна дека „сите држави-членки искажале одлучност за донесување конечна одлука“.

Мавројанис, чија земја во моментот претседава со ЕУ, најави дека Ван Ромпуј ќе претстави нови предлози „за да ги земе предвид мислењата на државите-членки“.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски