Ромпуј и Тимоф му честитаа на новоизбраниот романски претседател

Од:

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј денеска го поздрави изборот за претседател на Романија, Клаус Јоханис и изрази увереност дека тој ќе вложи напори за да и помогне на земјата да се справи со идните политички, економски и социјални провокации.

– Убеден сум дека ќе придонесе за идниот развој на Европската унија, посочи Ромпуј, чиј мандат завршува на крајот од месецот.

Во исто време, претседателот на Молдавија, Николае Тимофти телефонски разговараше со Јоханис.

Тимофти изрази надеж дека „односите на пријателство и разбирање меѓу Моладавија и Романија ќе продолжат да се развиваат со истиот интензитет во корист на граѓаните од двете земји“.

Градоначалникот на Сибиу и кандидат на опозициската Христија-либерална унија Јоханис победи на претседателските избори со 54,50 проценти од гласовите, додека премиерот Виктор Понта освои 45,49 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ