Романскиот министер за правда поднесе оставка

Од:

Романскиот министер за правда Тудорел Тоадер денеска соопшти дека поднесува оставка на функцијата, затоа што „ја загубил поддршката“ од владејачката Социјалдемократска партија (ПСД).

Оставката на Тоадер следи откако беше изложен на критики поради серијата закони што ги предложи, а кои беа оценети дека ќе ги ослабат напорите за спречување на политичката корупција. Критики на сметка на законите упати и ЕУ.

Романската премиерка Виорика Данчила ја прифати оставката на Тоадер, со оценка дека тој „не исполнил ниту едно ветување“.

Меѓутоа, Тоадер од своја страна, смета дека целосна ја исполнил својата должност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Координатор во Влада поплатен од министер: Функционерите ќе имаат високи плати и покрај намалувањето

Орце Костов

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Граѓаните да пријават ако се користат возила за партиски активности, побара министерот Ѓоко Велковски

Орце Костов

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО