Ројал осомничена за злоупотреба на јавни средства, се заканува со тужба против Радио Франс

Од:

Француската амбасадорка за Арктик и Антарктик, Сеголен Ројал осомничена е за злоупотреба на јавни средства, откако Радио Франс изнесе обвиненија на нејзина сметка.

Ројал која е поранешната француска министерка за животна средина и поранешна претседателска кандидатка по обвинувањата најави дека ќе поднесе тужба против Радио Франс.

Таа е осомничена за злоупотреба јавните средства откако ги вклучила своите вработени во настани што не се поврзани со нејзината функција, како промоција на нејзините книги, трки со велосипед и други.

Според Радио Франс со тоа Ројал го помешала слободното и работното време.

Слично на тоа, истрагата претставена изутринава на радиото покажува дека, за време на нејзините патувања во регионите за да ја промовира нејзината последна книга „Што можам да ви кажам на крај“ таа би била придружувана од членовите на нејзиниот кабинет, кои се платени од Министерството за надворешни работи.

По обвинувањата Ројал одлучи да зборува на радиото РМЦ.

– Демократијата е да може да се одговори, а не само да се клевети. Сето ова не е вистина! Жак Ширак би рекол дека е зачудувачки, јас нема да одам толку далеку. Сè е погрешно, поради тоа, ова е сериозно. Не е фер да ги напаѓате луѓето како ова, вработените кои со години прават активности, волонтираат со мене и го прават тоа исклучиво во слободното време, изјави Ројал.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден