Рохани вети конструктивност

Од:

Новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани изјави денеска дека ќе се залага за конструктивни акции меѓу Техеран и светот.

На првата прес конференција откако беше избран за претседател, Рохани рече дека Владата ќе работи за постигнување на националните цели „преку спасување на економијата, почитување на моралот и конструктивни акции со светот врз база на умереност“.

Рохани единствениот кандидат на реформаторите, победи на претседателските избори уште во првиот круг од изборите.

За него гласаа 18,6 милиони лица или 50,71 проценти од избирачите.

Во Иран претседателскиот мандат трае четири години, а шефот на државата има право на еден реизбор.

По два мандата на конзервативецот Махмуд Ахмадинеџад сега Иран ќе биде предводен од умерен духовник, поранешен главен преговарач за спорната нуклеарна програма на земјата.

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Горан Наумовски