Рохани: Укинување на санкциите e „очигледно право“ на Иран

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека укинувањето на санкциите наметнати за Иран претставува „очигледно право“ на земјата и индиректно предупреди за можни чекори што Иран би ги презел во случај тоа да не се случи, како што би сакале САД.

Коментарот на Хасан Рохани е реакција на притисокот на САД кои минатиот месец најавија продолжување на санкциите против Иран на неопределено време, иако според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН тоа би требало да се случи во октомври.

Ваквиот потег би предизвикал противење од Русија, која не ја крие желбата да продолжи да продава конвенционално оружје на Техеран, коментираат светските агенции.

Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации усвоена во 2015 година, во која се поддржува нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили, предвидува санкциите за Иран да бидат укинати пет години по усвојувањето на документот.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он