Рохани: САД ги очекува пораз поради санкциите кон Иран

Од:

САД ги очекува пораз во нивната намера за повторно воведување на санкции на Обединети нации кон Иран, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.

Неговата изјава уследи откако Вашингтон синоќа објави дека повторно се воведени сите санкции на ОН кон Иран.

– Америка се приближува кон сигурен пораз во својот потег со санкциите. Се соочи со пораз и негативен одговор од меѓународната заедница, посочи Рохани.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека таквите напори на Вашингтон се залудни, истакнувајќи оти американскиот пристап е главна закана по меѓународниот мир и безбедност и закана без преседан по ОН и по Советот за безбедност.

– И самите Американци се свесни дека тоа е лажна изјава и пропаганден трик,, истакна шефот на иранската дипломатија Мохамед Џафад Зариф.

Тој додаде дека Иран „никогаш нема да попушти под американскиот притисок и оти Техеран ќе даде разорувачки одговор на американското насилништво“.

Трите европски држави во нуклеарниот договор – Франција, Велика Британија и Германија денеска соопштија дека која било одлука или акција преземена поради повторното воведување на санкциите на ОН немаат правен ефект, бидејќи Вашингтон го користи механизмот од нуклеарниот договор од 2015 година помеѓу Иран и светските сили, договорот од кој САД се повлекоа во 2018 година.

И 13 од 15 земји-членки на Советот за безбедност на ОН оценија дека САД немаат правна основа за санкциите, бидејќи не можат да се повикуваат на резолуцијата на ОН 2231, со која СБ го поддржа нуклеарниот договор и пропиша санкции во случај на кршење, бидејќи Вашингтон се повлече од договорот.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерепш синоќа го извести СБ дека не може да преземе ниту еден чекор врз основа на најавата на САД бидејќи „има нејаснотии“. Тој рече дека нема да го поддржи предлогот се додека не се разјасни стаусот на санкциите против Иран.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека „САД го поздравуваат враќањето на речиси сите санкции на ОН кон Иран, што претходно неа укинати“.

– Ако земјите-членки на ОН не ги исполнат своите обврски кон овие санкции, САД се подготвени да ги употребат своите сопствени алатки за да ги казнат прекршителите, посочи Помпео, при тоа додавајќи оти Вашингтон деновиве ќе ги објави американските „мерки“ против прекршителите.

Со тоа Вашингтон еднострано прогласи дека санкциите на ОН кон Иран се повторно во сила и најави дека ќе ги казни сите кои ќе ги прекршат истите.

– По најавите на САД за санкциите на ОН кон Техеран, вредноста на иранскиот ријал денеска забележа рекорден пад односно еден долар чини 273.000 ријали, додека вчера беше 267.800 ријали.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски