Рохани: Нуклеарниот договор овозможува укинување на оруженото ембарго

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани порача дека останувањето во нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година ќе и овозможи на земјата од следната година да купува и продава оружје во странство.

– Ако го спасиме нуклеарниот договор, оруженото ембарго против Иран ќе биде отстрането и можеме да купуваме или да го продаваме своето оружје. Тоа е едно од значајните влијанија кои ќе ги добиеме, истакна Рохани.

Укинувањето на ембаргото на оружје, кое го наметнаа ОН, веќе ја загрижува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Пред една година Трамп еднострано ја повлече Америка од договорот, бидејќи, како што се наведува, Иран „ги премина границите воспоставени со договорот“.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел