Рохани: Иранскиот народ минува низ многу тежок процес поради санкциите и пандемијата

Од:

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, денеска изјави дека санкциите предизвикаа големи економски тешкотии во земјата, додека пандемијата го направи товарот уште потежок. Според него, иранскиот народ поминува низ многу тежок процес, поради коронавирусот и америкианските санкции.

По состанокот на Националниот комитет за борба против коронавирусот, Рохани изјави дека Исламската Република, и покрај санкциите на САД, не потклекна, јави агенцијата Анадолија.

-Нашиот народ поминува низ многу тежок процес, како заради пандемијата, така и поради санкциите што ги воведоа САД. Санкциите предизвикаа големи економски тешкотии, додека пандемијата го направи товар што го носиме на рамениците уште потежок, рече Рохани.

Тој посочи дека на почетокот на пандемијата во целиот свет биле донесени мерки, како полициски час и ограничувања за патувања, но тоа не било решението.

-Понекогаш ограничувањата стануваат извор на проблеми. Кога престанува мрежата на производство и дистрибуција, секојдневниот живот на луѓето станува невозможен. Затоа се укинаа мерките и забраните, сите почнаа да ја нормализираат ситуацијата, заклучи Рохани.

Тој денеска ги повика Иранците да ги почитуваат здравствените протоколи и да вежбаат физичко дистанцирање за време на претстојниот празник Курбан Бајрам.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел