Рохани: Иднината на Сирија и припаѓа на нејзиниот народ

Од:

Иднината на Сирија и припаѓа на нејзиниот народ, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани, цитиран од агенцијата Анадолија.

Тој ова го изјави пред неговиот лет за Анкара, каде ќе учествува на трилатералниот самит со лидерите на Русија и Турција, а на кој главната тема ќе биде Сирија.

-Освен стабилноста и безбедноста на регионот се надевам дека тристраната средба на врвот во Анкара ќе обезбеди ефикасни чекори и дека трите земји ќе можат да се договорат да им помогнат на луѓето и иднината на Сирија, рече тој.

„Секогаш сме потенцирале дека иднината на Сирија им припаѓа на луѓето од оваа земја и другите држави треба да му помагаат на сирискиот народ во тој однос“, додаде претседателот на Исламската република, потсетувајќи дека денешниот форум ќе биде петта нивна средба во овој формат во последните 2,5 години, подвлекувајќи дека трите држави „се гаранти на прекинот на огнот во Сирија“.

Рохани, исто така, изјави дека борбата со тероризмот и противењето на странското мешање во Сирија, враќањето на сириските бегалци, обновата и уставната реформа, како и изборите во 2021 година се меѓу важните прашања што ќе бидат разгледани со лидерите на Русија и Турција.

Иранскиот претседател додаде дека се уште има делови од Сирија што се исправени пред сериозни проблеми, вклучувајќи го и регионот на истокот од реката Еуфрат. Според него, незаконското присуство на САД го нарушува мирот во Сирија.

Тој кажа дека главната загриженост на трите држави-гаранти за судбината на Сирија доаѓаат од мешањето и агресијата на Израел во оваа земја и неговата поддршка за терористите, како и од нападите врз сирискиот народ и инфраструктура.

Рохани посочи дека САД ги поддржуваат Саудиска Арабија и ОАЕ во Јемен, доставувајќи им оружје.

-Доколку сакаме целосна безбедност во регионот, треба да прекине американската интервенција, рече тој.

Според иранскиот лидер, односите на Техеран со Москва и Анкара се „многу пријателски“.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран