Рохани ги повика западните земји да го напуштат Персискиот залив

Од:

Претседателот на Иран, Хасан Рохани ги повика западните сили да ја остават безбедноста на Персискиот залив на регионалните држави на чело со Техеран.

Тој најави дека ќе претстави регионален мировен план на претстојните состаноци на високо ниво во ОН. Рохани предупреди дека нема да дозволи н кого било да ги наруши границите на земјата, но истакна дека Техеран им пружил рака за пријателство на соседите и дека дури е подготвен да им прости за претходните гревови.

Иранскиот претседател порача дека САД и западните нации треба да се дистанцираат од регионот. Рохани нагласи дека иранскиот план ќе се фокусира на пружање безбедност во Персискиот залив, Ормускиот теснец и Оманскиот залив со помош на регионалните земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски