Рохани: Администрацијата на САД ја сочинуваат „почетници со наивни идеи“

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека американската Администрација ја сочинуваат „политичари почетници со наивни идеи“.

Во говор, што беше во живо пренесуван на иранската државна телевизија, Рохани нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп „ги повлекол заканите упатени кон Иран“, откако неговите воени советници му препорачале „да не започнува војна“ со Техеран.

Според Рохани, Трамп ја променил одлуката за започнување војна со Иран и како резултат на единството што го манифестирала иранската нација.

Трамп во неделата вечерта на Твитер објави дека евентуален конфликт со САД ќе претставува „официјален крај на Иран“.

– Ако Иран сака да се бори, тоа ќе биде официјален крај на Иран. Никогаш повеќе немојте да им се заканувате на САД, напиша Трамп на Твитер.

На ваквата објава на Трамп вчера реагираше иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф, кој оцени дека Трамп е „втурнат во геноцидни забелешки“ и дека се обидува да го постигне она „што не успеале Александар (Македонски), Џингис (Кан) и останатите агресори“.

– Иранците одолеваа со милениуми, додека агресорите исчезнуваа. Обидете се со почитување – тоа успева“, додаде Зариф во својата објава на Твитер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски