Робот во Фукушима „умрел“ за три часа

Од:

Јапонски робот специјално дизајниран да издржи 10 часа во особено радиоактивна средина „починал“ за само 3 часа во внатрешноста на еден од реакторите во нуклеарната централа „Фукушима“ која што беше уништена во 2011 година, по разорен земјотрес и цунами.

Тоа потврдува дека нивото на зрачење на тлото во тој дел на Јапонија е особено високо и дека човек таму не би можел да преживее ниту три часа.

Според наводите на медиумите машината која била сместена во внатрешноста на реакторот требало да собере податоци за температурата и нивото на радијација, но за кратко време се случил дефект и успеала да испрати само неколку снимки.

За потсетување во 2011 година Јапонија ја погоди земјотрес со интензитет од девет степени според Рихтеровата скала, поради што нуклеарната централа „Фукушима 1“ претрпе голема штета. Самиот потрес не предизвикал поголеми оштетувања, но ударот на цунамито бил толку силен што предизвикал експлозии во три реактори.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он