Рјабков: Приоритет на Русија е да спречи директен судир меѓу земјите кои поседуваат нуклеарно оружје

Од:

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека безусловен приоритет на Русија, со оглед на ризиците од ескалација на украинската криза и севкупната непредвидливост на ситуацијата во светот, е да спречи директен конфликт меѓу земјите кои поседуваат нуклеарно оружје.

Сега има голема потреба да се обезбеди стратешка стабилност, да се задржи режимот на неширење на оружјето за масовно уништување и да се подобри ситуацијата во областа на контролата на оружјето, посочи Рјабков.

Тој предупреди дека во блиска иднина не може да се исклучи можноста за продлабочување на кризите во оние делови од светот, каде што САД сакаат да ја постигнат својата доминација.

Пред сè, гледаме раст на конфликтниот потенцијал во азиско-пацифичкиот регион, наведе Рјабков.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ