Рим забрани огномет и петарди за дочекот на Новата година

Од:

Градските власти во Рим забранија употреба на огномет и пиротехнички средства за време на дочекот на Новата година.

Градоначалничката Вирџинија Раџи ја потпиша одлуката со која се забранува огномет и пиротехника во Рим од вечерва на полноќ, до 2 јануари на полноќ.

Забраната за употреба на огномет и петарди се однесува на целиот град, а со неа не се опфатени помали прскалки кои не се ризична категорија.

Градоначалничката во образложението наведува дека забраната за огномет и пиротехника за време на новогодишните празници е воведена поради сигурносни причини, но и поради заштита на животните. Во центарот на Рим, односно во регионот Circus Maximus, за време на дочекот на Новата Година е забранета и употреба на стаклени чаши и шишиња.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италија: Романски тинејџер е застрелан на метро станица во предградието на Рим

(ВИДЕО) Експлозија во Рим: Тројца извлечени од под урнатините

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он