Пластично шише како билет за превоз во Рим

Од:

Италијанската престолнина, заедно со уште неколку околни градови почна кампања за намалување на загадувањето. Така, во Рим од неодамна може за пластично шише да добиете едно возење во подземната железница.

По воведувањето слични мерки во Истанбул, сега и римјаните ќе можат да заштедат пари истовремено чувувајќи ја околината. Принципот е едноставен – на три станици во „Вечниот Град“, патниците имаат можност да рециклираат пластични шишиња во автоматите за возни билети и така да го добијат својот билет за метрото.

Иницијативата „Рециклирај и патувај“ ја покрена римската градоначалничка Вирџинија Раги. Тест-периодот со три станици ќе трае 12 месеци, а ако е успешен, ќе се вклучат и други станици во подземната железничка мрежа.

Италија има огромни проблеми со отпадот, а лете преполните контејнери се уште поголема опасност за здравјето.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците

Авион полн со патници почна да губи висина, голем број повредени

Горан Наумовски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

Авион полн со патници полетал, а потоа му отпаднало тркало

ВИДЕО: Огромен гром во Канада удри авион во лет

Предраг Петровиќ