Ријад: Нормализирање на односите со Израел по решавањето на палестинското прашање

Од:

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал-Џубеир, објави дека земјата нема целосно да ги нормализира односите со Израел додека не се постигне решение со палестинскиот народ врз основа на модел на две држави.

– Рековме дека Саудиска Арабија ја поддржува арапската мировна иницијатива. Всушност, ние ја предложивме. Јасно кажавме дека мирот доаѓа на крајот од тој процес, а не на почетокот, изјави денеска саудискиот министер за Си-Ен-Ен.

– Рековме и дека одлуките на земјите што ги потпишаа договорите Аврам со Израел се суверени одлуки на тие земји. Се надеваме дека овие одлуки ќе имаат позитивно влијание врз внатрешните напори на Израел, додаде министерот.

На прашањето дали Саудиска Арабија е подготвена да се приклучи на договорите Аврам, шефот на дипломатијата одговори дека кралството јасно рекло дека треба да има процес и тој процес мора да вклучува и спроведување на Арапската мировна иницијатива.

Арапската мировна иницијатива е всушност саудиски предлог за ставање крај на израелско-арапскиот конфликт што беше усвоен од Арапската лига во 2002 година, а беше потврден пет години подоцна и повторно во 2017 година.

Иницијативата нуди нормализација на односите меѓу арапскиот свет и Израел за целосно повлекување од окупираните територии, праведно решение на проблемот со палестинските бегалци и формирање на држава Палестина со главен град источен Ерусалим.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови