Риби и овци за човечки животи: Партијата на Путин им нуди храна на семејствата на мобилизираните Руси

Од:

Во областа Сахалин на далечниот исток на Русија ќе им бидат поделени пет килограми риба на роднините на мобилизираните. Ова го изјави претседателот на регионалниот извршен комитет на партијата „Единствена Русија“, Михаил Шувалов, пренесува новинската агенција Sakh.com.

Тој истакна дека за Сахалин се доделени околу девет тони свежо замрзната риба. Шувалов вети дека семејствата на мобилизираните наскоро ќе добијат риба.

„Владата на регионот Сахалин постигна договор и на регионот му беа доделени околу девет тони свежо замрзната риба. Во блиска иднина нашите волонтери, 180 луѓе низ регионот на Сахалин, ќе донесат околу пет до шест килограми по човек на семејствата на мобилизираните жители“, објави „Единствена Русија“, пренесува Лента.ру.

Шувалов нагласи дека иницијативата се спроведува во рамките на проектот „Достапна риба“, кој веќе неколку години функционира на Сахалин.

Пред тоа, во Тува, властите почнаа да им даваат на семејствата живи овци за секое мобилизирано лице.

Рускиот претседател Владимир Путин најави почеток на делумна мобилизација во земјата од 21 септември. Според шефот на државата, оние кои се во резервниот состав, веќе служеле во редовите на вооружените сили на Русија и имаат соодветна воена специјалност подлежат на воена регрутација.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат