Резников: Во Украина пристигнаa ракетни фрлачи од Велика Британија

Од:

Во Украина пристигна нова пратка оружје од Велика Британија, соопшти денеска украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.

– Во Украина пристигнаа ракетни фрлачи М270, појасни тој.

Резников на Твитер им се заблагодари на британскиот министер за одбрана, Бен Волас, како и на британските граѓани за претходно ветената донација.

– Вашата поддршка е многу важна за Украина. Нашата војска вешто ќе ја користи оваа „замена“ на бојното поле, додаде министерот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин