Режимот на Асад подготвил воздушни бомби со смртоносен гас

Од:

Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад подготвил воздушни бомби со смртоносен невро-парализирачки гас, што може да бидат употребени против бунтовниците, тврдат анонимни американски претставници за телевизијата Ен-Би-Си-Њуз.

Според нив сириската армија очекува конечна наредба од Асад.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад треба да се изведе пред лицето на правадата ако неговиот режим употреби хемиско оружје за задушување на бунтот во неговата земја.

– И ја пренесов загриженоста на сириската Влада и испратив писмо до претседателот Асад пред два дена. Секој кој ќе употреби хемиско оружје мора да биде изведен пред лицето на правдата, изјави Бан на прес-конференција во Багдад.

Во исто време, шефот на сириската дипломатија Фајсал Макдад наведе дека стравува оти западните држави изразуваат загриженост дека Сирија би можела да употреби хемиско оружје само за да имаат основа за интервенција.

– По десетти или стотти пат потврдувам дека сириската Влада под никакви околности нема да употреби такво оружје во внатрешниот конфликт, изјави Макдад за телевизијата „Ал Манар“.

Опозициски активисти јавија дека продолжуваат борбите меѓу бунтовниците и војската на Асад во регионот на аеродромот во Дамаск.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение