Републиканските сенатори бараат гласови за да се спречи демократите да повикаат сведоци

Од:

Лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел, синоќа зад затворени врати на своите колеги им соопштил дека му недостасуваат гласови за да ги спречи демократите да повикаат сведоци во судската постапка за импичмент на Доналд Трамп.

Ова синоќа, веднаш по крајот на излагањето на аргументите од страна на одбраната на претседателот, кое заврши побрзо отколку што се очекуваше, го објавија некои американски телевизиски мрежи.

Некои умерени сенатор како Мит Ромни од Јута, Сузан Колинс од Мејн и Лиза Мурковски од Аљаска, досега во неколку наврати изјавија дека би им било интересно да слушнат нови сведочења.

Од друга страна, пак, во своите коментари за новинарите, некои сенатори како Линдиз Грем од Јужна Калорина или Џон Баросо од Вајоминг, укажаа дека републиканците се едногласни во своето убедување судот за импичмент да заврши што побргу со гласање Трамп да биде оправдан.

-Доволно е. Енергијата треба да се насочи на решавање на проблемите на Американците. Ние сме единствени во одлуката да се заврши постапката, изјави Баросо за „Си-ен-ен“.

Меконел и неговите сопартијци се спротивставуваат на идејата за повик на сведоци, како на пример Џон Болтон, екс-советник за национална безбедност на Трамп.

Напорите на демократите за продлабочување на судската постапка со распити на Болтон и други сведоци, се обнови по сознанијата дека Трамп лично му кажал на својот советник дека ја задржува воената помош за Украина и во замена бара Киев да започне истрага за негов политички ривал.

Од најнова анкета на универзитетот Квинипек, 75 отсто од испитаните регистрирани гласачи изјавиле дека сакаат да видат сведоци во судењето за импичмент

Во завршните говори синоќа адвокатите на Трамп повикаа затварање на постапката.

-Тој знаел за што зборува и не е точно да се тврди дека не работел во заштита на националните интереси, изјави адвокатот Џеј Секулоу, алудирајќи на телефонскиот разговор Трамп-Зеленски од 25 јули 2019 година.

Во врска со наводите дека Болтон знаел за намерата на Трамп, Алан Дершовиц, член на правниот тим на одбраната, изјави дека „и претседателот да кажал така, тоа не е за импичмент“.

-Дури и да се вистините, ништо во исказите на Болтон (од книгата) не се покренува до злоупотреба на власта или престап, за кои може да се објави импичент, кажа Дершовиц.

Сенаторите, кои се порота во судењето, денес и утре во текот на 16 часа ќе поставуваат прашања на менаџерите (обвинителите) и на адвокатскиот тим на Трамп.

За разрешување на Трамп од власт потребни се две третини од гласовите во Сенатот. Со оглед на тоа што републиканците држат 53 сенатски мандати, а демократите 47, и никој од Републиканската партија не го поддржа импичментот, преседателот по се изгледа ќе биде оправдан.

Републиканските сенатори планираат гласањето да се случи неделава в петок.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД