Републикански конгресмен обвинет за сексуална врска со малолетничка, се брани дека сакаат да му изнудат пари

Од:

Мат Гец, истакнат републиканец и млад конгресмен, се соочува со истрага започната од Министерстото за правда за наводна сексуална врска со 17-годишна девојка, објави Њујорк тајмс.

38-годишниот Гец, член на Претставничкиот дом избран од Флорида во 2017 година, демантира дека некогаш имал таква врска и тврди дека обвинувањата се дел од шема за изнуда на пари насочена против него.

Според весникот, Гец наводно ѝ плаќал на девојката да патува со него од Флорида потенцијално во друга држава, со што можното федерално обвинение се усложнува со проституција.

Истрагата на министерството е дел од поголема истрага за федерална тужба за вршење проституција подигната против Џоел Гринберг, локален политичар од Флорида, кој работел како извршител, колектор на даноци, но и пријател на Гец, обвинет за такви кривични дела како вршење проституција со малолетно лице. Гринберг моментално е во притвор и очекува судење.

Во интервју со водителот Такер Карлсон од Фокс њуз, Гец синоќа демантираше дека некогаш патувал со малолетно лице и рече дека кампањата против него е дел од шема за изнуда на пари во која било инволвиран поранешен службеник во Министерството за правда.

-На 16 март татко ми доби смс порака за средба на која едно лице бараше 25 милиони долари за да направи грозните сексуални обвинувања против мене да ги снема. Моето семејство беше толку исплашено што случајот го пријави во ФБИ, изјави Гец во интервјуто. Според него, поранешниот вработен во министерство кој имал средба со татко му Дејвид Мекги.

Разговорот се искомплицира кога Гец ја спореди ситуацијата во која тој се наоѓа со случка во која бил инволвиран самиот Карлсон, кога тој бил обвинет за слично дело. Карлсон одговори дека тоа се случило пред 20 години и исказите против него биле од ментално болно лице. Гец потоа спомна за вечерата што ја имал со самиот новинар „пред две години и јас дојдов со пријател. Ја помниш. ФБИ на неа всушност и се закани, дека ако таа не го прифати фактот што јас некако сум бил вклучен во шема ‘плати и играј’, дека и таа може да се соочи со проблеми“, рече Гец.

Oткако интервјуто заврши, Карлсон укажа дека не се сеќава на таква средба и дека ова му било „едно од наjбизарните интервјуа што досега ги имам правено“.

Мекги, контактиран од Вашингтон пост, потврди дека „тоа е целосна лага. Вулгарен начин да се сврти вниманието од фактот дека тој е субјект на истрага за проституција со малолетници“.

За време на мандатот на Трамп, Гец беше еден од неговите најтврди поддржувачи, и еден од конгресмените кои правеа напори да се спречи сертификацијата на победата на Џо Бајден од страна на Конгресот, кога на 6 јануари толпа од поддржувачи на Трамп насилно упадна во Капитолот и ја спречи седницата.

Би можело да ве интересира

Америка и 20 нејзини сојузници ја осудија Куба за наводното кршење на човековите права

Жарко Настоски

На талибанците им требаат градовите за да ја вратат контролата врз Авганистан, вели американски генерал

Жарко Настоски

Кина ги обвинува САД за застој во односите

Рекорд во САД: За една недела 430 убиени и над 1.000 повредени при оружени напади

САД ќе продолжат да го бомбардираат Авганистан доколку талибанците продолжат со офанзивата врз Кабул

Ана Ололовска

САД одобриле 100 милиони долари од итниот фонд за помош на авганистанските бегалци

Ана Ололовска