Републиканците ja блокираа потврдата на резултатите во Мичиген

Од:

Републиканците во избирачкото одбор во округот Вејн, најголемиот во државата Мичиген, успеаја да го запрат заверувањето на резултатите, што може привремено да го запре официјалното прогласување победа на демократот Џо Бајден во таа држава.

Досегашните резултати покажуваат дека Бајден има околу 146 000 гласови предност пред сегашниот претседател Доналд Трамп, но овој потег на републиканците, со кој се одложува прогласувањето победа на Бајден, е бод за Трамп, пишува Гласот на Америка.

Моника Палмер, републиканска претставничка во Изборниот одбор на округот Вејн, рече дека кај некои гласови добиени по пошта во одредени делови на Детроит се утврдени неправилности, додека демократот Џонатан Кинлок оцени дека е „несовесно и неодговорно“ да не се потврдат резултатите од изборите.

Избирачкиот одбор се состана откако судија, поради недостиг на докази, ја отфрли тужбата на републиканците и сојузниците на Трамп во која тврдеа дека има неправилности во пребројувањето на гласовите по пошта.

Демократската гувернерка на Мичиген Гречен Витмер изјави дека претставници на округот Вејн ја ставаат партиската политика над своите должности. Таа, сепак, додаде дека очекува изборната комисија да ги потврди резултатите и да ја заврши работата.

Адвокатката на кампањата на Трамп, Џена Елис, рече дека тоа е „голема победа“ за претседателот и додаде дека тоа може да им го отвори патот на републиканците кои се на власт во сојузните држави да изберат електори, доколку изборните комисии не ги потврдат резултатите.

Сепак, тешко дека такво сценарио, спротивно на волјата на гласачите, ќе се случи во Мичиген, бидејќи републиканците во другите одбори не изразија интерес за тоа, јавија локалните медиуми.

Кампањата на Трамп досега поднесе шест тужби во Мичиген, но досега не се пронајдени докази за изборни нерегуларности.

Би можело да ве интересира

Бајден сака изборите за претседателски кандидат на демократите да почнат во Јужна Каролина

А1он

Аризона и Невада би можеле да бидат решавачки во трката за американскиот Сенат

А1он

Во Аризона и Невада гласовите се пребројуваат со присуство на полиција

Во Џорџија ќе има втор круг, ниту еден кандидат за сенатор нема 50 отсто

Горан Наумовски

Избори за американскиот Сенат: Конечните резултати може да се чекаат со недели

Демократите го освоија потенцијално одлучувачкото место во Пенсилванија за контрола на Сенатот на САД

Ана Ололовска