Републиканците го блокираа барањето на Демократите за отповикување на Трамп според 25-от амандман

Од:

Републиканците од Претставничкиот дом денeска блокираа резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс и членовите на кабинетот да го симнат претседателот Трамп од функцијата според можност која е дадена во 25-от амандман на американскиот Устав.

Мерката, која не доби консензуална согласност, беше ултиматум на спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси (Демократи/Калифорнија) пред таа да покрене барање за импичмент на претседателот, по насилните протести од минатата недела на Капитол.

Членови на двете партии изјавија дека претседателот ги поттикнал немирите.

Пелоси рече дека ќе ја поднесе резолуцијата во Претставничкиот дом за гласање утре, ако денеска не добие едногласна поддршка. Демократите во парламентот побараа договор резолуцијата да биде ставена на дебата веднаш, но републиканците ја запреа.

Авторите на иницијативата, која веќе е официјално доставена од демократот Дејвид Сисилин (од Роуд Ајленд), се убедени дека Трамп, со своето однесување на денот на немирите во близина на Конгресот на САД, „демонстрира дека ќе остане закана за националната безбедност, демократијата и устав ако му биде дозволено да остане на функцијата “.

„Доналд Трамп изврши сериозно злосторство намерно поттикнувајќи насилство против американските власти“, се вели во документот. Забележано е дека како резултат, „толпата поттикната од претседателот Трамп на која тој зборува … нелегално влегува во Капитол, прави вандалски чин, ранува и убива службеници за спроведување на законот, им се заканува на членовите на Конгресот, на потпретседателот и на службениците во Конгресот“.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски