Репортери без граници со петиција го поддржуваат Асанж

Од:

На неколку дена пред сослушувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред судот во Лондон за бегова екстрадиција во САД, организацијата Репортери без граници поднесе иницијатива против неговото предавање на Американците.

Оваа организација ја повика Владата на Велика Британија во постапката кон Асанж во прв план да ги стави слободата на изразување и одбрана на новинарството и да делува во согласност со британското право и обврски што произлегуваат од меѓународното хуманитарно право.

Во соопштението на Репортери без граници се потсетува дека Асанж во САД се соочува со казна од 175 години затвор заради обвинението во врска со објавувањето и обезбедувањето за други новинари на информации што му служат на јавниот интерес.

Во тек е и потпишување електронска петиција на сајтот на Репортери без граници.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА