Репортери без граници поднесе тужба против саудискиот принц поради убиството на Кашоги

Од:

Организацијата Репортери без граници поднесе тужба во германското Јавно обвинителство против саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и други високи владини претставници за убиството на новинарот Џамал Кашоги, соопши судот.

Во тужбата напишана на околу 500 страници, поднесена до германскиот федерален суд во Карлсру, при што се укажува на неосновано притворање на повеќе од 30 новинари и убиството на колумнистот на Вашингтон пост, Џамал Кашоги во Конзулатот на Саудиска Арабиија во Истанбул во 2018 година.

Принцот Мухамед бин Салман негира каква било вмешаност во убиството на Кашоги.

Репортери без граници наведе дека „тие кои се одговорни за прогон на новинарите во Саудиска Арабија, вклучително и убиството на Кашоги мора да одговараат за своите злосторства“.

Би можело да ве интересира

Саудискиот престолонаследник: Ќе застанеме покрај палестинскиот народ

Македонија напредува во слободата на медиумите, но новинарите се под притисоци на политичарите и бизнисмените според Репортери без граници

Катерина Ѓуровски

Репортери без граници: Зголемен бројот на новинари во затвори, годинава 533

Ана Ололовска

САД: Саудискиот принц има имунитет од гонење за убиството на новинарот Кашоги

Макрон критикуван поради вечера со саудискиот престолонаследник

ОАЕ го осуди поранешниот адвокат на Кашоги на три години затвор

Ана Ололовска