Репортери без граници го осудува апсењето на уредничка на медиум во Египет

Од:

Меѓународната организација „Репортери без граници“ го осуди апсењето на Нора Јунис, уредничка на еден од неколкуте преостанати независни медиуми во Египет и ги повика властите во земјата веднаш да ја ослободат и да ги отфрлат сите обвиненија.

Нора Јунис, уредничка на веб-страницата Ал-Манасa, беше уапсена вчера откако безбедносните сили извршија рација во нејзината канцеларија во Каиро

Таа е обвинета за водење веб-страница без дозвола за работа“, соопшти Ал-Манас.

„Со постојани административни одложувања, властите спречуваа Ал-Манас да се легализира, поради што недостига официјална дозвола за работа, што е причина за судска постапка,  соопшти „Репортери без граници“.

Тие ги повикаа египетските власти да престанат со прогонот на независните медиуми.

Во Египет е потребно медиумите да имаат лиценца за работа, но неиздавањето дозвола честопати се користи како изговор за замолчување на медиумите што ја критикуваат власта. 

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Приведен 23-годишен дилер во гостиварско

А1он

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов