Ренци: Мелони ми е ривал, а дека сега во Италија постои ризик од фашизам е апсолутно лажна вест

Од:

Мелони ми е ривал, ние ќе продолжиме да се бориме меѓусебно, но, идејата дека сега во Италија постои ризик од фашизам е апсолутно лажна вест, рече поранешниот италијански премиер матео Ренци.

Лидерот на „Италија вива“ ова го изјави во интервју за Си-ен-ен од Токио, каде присуствуваше на погребот на поранешниот јапонски премиер Абе Шинѕо.

– Ние во Италија, за жал, го менуваме премиерот речиси секоја година. Ние треба да ги смениме правилата за да обезбедиме стабилност. Јас бев против Џорџа Мелони, ние израснавме заедно во политиката, но сме, и секогаш ќе бидеме ривали. Истовремено, сметам дека таа не е опасност за италијанската демократија, додаде Рензи коментирајќи го исходот од изборите.

Италијанската крајнодесничарска партија „Браќа на Италија“, предводена од Џорџа Мелони, освои 26 отсто од гласовите на изборите, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во Парламентот, покажаа конечните изборни резултати објавени денеска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим