Рекреативната употреба на „гасот за смеење“ се зголемува во Европа

Од:

Рекреативната употреба на гас за смеење (азотен оксид) претставува „растечка грижа за Европа“, се вели во извештајот објавен во понеделникот, 21 ноември од Европскиот центар за мониторинг на дроги и зависност од дрога, јави дописникот на МИА.

„Зголемувањето на рекреативната употреба на азотен оксид во одредени региони на Европа е загрижувачко“, коментира директорот на Опсерваторијата, Алексис Гусдел, цитиран во соопштението за печатот.

„Потрошувачите генерално чувствуваат дека вдишувањето на азотен оксид е безбедно. Сепак, откриваме дека почестата или поголема потрошувачка на гас го зголемува ризикот од сериозна штета, како што е оштетување на нервниот систем“, рече тој.

Овој гас се користи легално како додаток на храна или како анестетик во медицината, рекреативната употреба на азотен оксид доживува „сè поголема популарност“ поради неговата достапност и ниската цена. „Се разви профитабилен и проширен синџир на снабдување, со специјализирани продавници на интернет кои директно го промовираат гасот за рекреативна употреба или го нудат под превезот да го користат за правење шлаг“, забележува извештајот.

Имено,незначително е зголемен бројот на труења регистрирани од центрите за контрола на отрови. Во Франција, на пример, во 2020 година беа пријавени 134 случаи, во споредба со 10 во 2017 година. „Затоа е важно да се избегне нормализирање и ненамерно промовирање на неговата потрошувачка. Потребни се насочени активности и дополнителни истражувања за да се подобри разбирањето на ризиците и да се намали штетата“, нагласува, Алексис Гусдел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски