Рекорден број новозаболени и хоспитализирани лица со Ковид-19 во некои американски сојузни држави

Од:

Ковид-19 и понатаму се шири во САД, а во одредени сојузни држави забележан е рекорден дневен пораст на бројот на новозаболени и хоспитализирани лица поради Ковид-19.

Во измнинатите 24 часа во Аризона регистрирани се 1.061 лица инфицирани со новиот коронавирус, со што бројот на заболени се искачи а 27.864 луѓе, од кои 313 починале.

Рекорден број на новозаразени има и во Тексас, каде во изминатото деноноќие потврдени се 10.351 позитивни случаи, со што вкупниот број се искачи над 250.000 луѓе. Хоспитализирани се рекордни 10.083 луѓе, а вчера починале 99 луѓе од последици од Ковид-19, со што бројот на смртни случаи достигна 3.112.

Во Аризона, бројот на потврдени случаи со Ковид-19 вчера се зголеми за 3.038, со што вкупниот број на заболени лица се искачи на 119.930, а бројот на починати беше 69, па вкупниот број на смртни случаи е над 2.150 луѓе. Во Аризона е регистриран и рекорден број на хоспитализирани лица – 3.485.

Во Оклахома бројот на новозаразени лица се зголеми за 687, што е втор најголем дневен пораст досега забележан во оваа сојузна држава. Вкупниот број на потврдени случаи изнесува 19.779, од кои 15.136 оздравеле. Во Оклахома вчера починале пет лица и вкупниот број на смртни случаи изнесува 421.

Во САД вкупно се заразени 3.357.130 луѓе, од кои 137.418 починале, а 1.490.702 оздравеле.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност