Рекорден број мигранти во еден ден го преминаа Ла Манш кон Велика Британија

Од:

Околу 700 мигранти го преминаа Ла Манш со 14 мали чамци, што е рекорден број премини во еден ден од почетокот на оваа година, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека каналот меѓу Велика Британија и Франција вчера го поминале 696 мигранти, а претходниот рекорд е забележан во април кога поминале 651 мигрант.

Француските власти запреле брод со 35 луѓе, јави Би-Би-Си.

Податоците на британската влада покажуваат дека повеќе од 17.000 луѓе го преминале каналот и пристигнале во Велика Британија од почетокот на годинава.

Лани со брод од Франција пристигнале 28.526 лица, а во 2020 година 8.404 од нив.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано