Регистриран првиот случај на заразен со ебола во Сенегал

Од:

Светската здравствена организација денеска испрати свои претставници во престолнината на Сенегал откако беше соопштено за прв случај на зараза со ебола.

Со тоа Сенегал е петтата земја во Западна Африка каде се прошири епидемијата со ебола, по Либерија, Сиера леоне, Гвинеја и Нигерија.

Според информациите на СЗО, вирусот е пренесен во Сенегал од 21-годишен студент од Гвинеја, кој пристигнал на 20 август и одлучил да живее кај свои роднини, но три дена подоцна побарал лекарска помош откако ги пројавил каректеристичните симптоми на болеста. тестовите покажале зараза со смртоносниот вирус ебола, јави германската новинска агенција ДПА.

СЗО очекува епидемијата во Западна Африка да трае меѓу шест и девет месеци и за тој период може да се дојде до 20.000 заболени. До овој момент се регистрирани околу три илјади случаи, но не се исклучува дека реалната бројка е за два до четири пати поголема.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО