Регионални избори во Италија: демократите победија во Емилија Ромања, Лига во Калабрија

Од:

На вчера одржаните регионални избори во италијанскиот регион Емилија Ромања, кандидатот на Демократската партија, гувернерот Стефано Боначини освои 51,4 отсто од гласовите, додека кандидатот на Лигата освои 43,7 проценти, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи по преброени 98 отсто од гласовите.

Претседателот на Лига, Матео Салвини водеше силна кампања во надеж дека нивната кандидатка Лусиа Боргонзони ќе победи во еден од најбогатите италијански региони. Во тој регион се седиштата на Ферари спорт и сирењето Пармезан, и со децении таму на власт се претставници на левицата.

Меѓутоа, десничарскиот блок на Салвини извојува победа на изборите во Калабрија. Во тој регион, кандидатот на Лига освои над 50 отсто од гласовите. Кандидатот на десниот центар од Форца Италија Џоли Сантели ќе биде новиот гувернер на Калабрија, заменувајќи го централно-левиот претставник на Демократската партија, Марио Оливерио, откако Сантели победи со освоени 58 проценти од гласовите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим